Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот.
Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон

