Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство ја шокираше македонската јавност. На снимката, која масовно се споделува на социјалните мрежи, се гледа како девојче е опколено од група врсници, а потоа изложено на физичко насилство.
Информациите кои кружат во јавниот простор го лоцираат настанот во еден од поголемите градови во земјава, предизвикувајќи итен аларм кај граѓанскиот сектор и јавноста.

