Ново филмско бегство од затвор: Отишол на погреб, не се вратил зад решетки

 

Ново бегство од затвор се случило денеска, пренесува ТВ21. Сценариото е речиси филмско. По враќање од погреб околку 12 часот од затворот во Шутка избегал еден затвореник. Според информации на ТВ21 станува збор за лицето Џ.С.

По враќање од погреб, тој го искористил невниманието на полициските службеници и при предавањето се дал во бегство. Според неофицијални информации, бил испукано е предупредувачки куршум, но неуспешно.

Во моментов нема информации дали затвореникот е фатен.

24.10.2024 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега