Ново чудо во Турција: „Се подготвувавме за погреб, па и’ го слушнавме гласот“ - спасена жена по 258 часа

 

 

Спасувачите успеале да спасат жена на возраст од триесет години во Кахраманмараш, 258 часа по земјотресот, јавува „Си-Ен-Ен Турк“. Како што се наведува, станува збор за Неслихан Килиќ (30).

Непосредно пред да го слушнат нејзиниот глас од урнатините, нејзиниот зет рекол дека почнал да и’ подготвува гробно место.

„Им кажавме на спасувачките екипи да ја прекинат операцијата, бидејќи ќе ги распарчат телата. И тогаш го слушнавме нејзиниот глас“, рекол зетот на спасената жена.

Благодарение на работата на тимот, младата жена била извлечена жива од урнатините и однесена во брзата помош.

Претходно денес, седумнаесетгодишно девојче беше спасено од урнатините на зграда во турската провинција Кахраманмараш 248 часа по разорниот земјотрес, јавува ТРТ.

16.02.2023 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега