Новиот собраниски состав ќе се конституира на 30 јули
СДСМ преку соопштение информираше дека сега е време граѓаните да здивнат од политичките активности, а идната Влада ќе биде позната по празникот Илинден, односно 2 август. Од партијата велат дека партискиот лидер Зоран Заев заминал на годишен одмор, но најавуваат дека тој ќе биде новиот мандатар и следен премиер.
„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ“, наведуваат од владејачката СДСМ.
Но, иако никој од партиите официјално не зборува за преговори и за формирање на парламентарно мнозинство, Алсат дознава дека веќе е договорено роковите за конституирање на Собранието и новата влада да бидат скратени и во текот на летото тие да бидат формирани. Собраниски извори за Алсат велат дека најверојатно конститутивната седница ќе се одржи на 30 јули. Одолговлекувањето на процесот би можел да се случи доколку потешко оди поделбата на ресорите, или пак, за тоа кој ќе стои на чело на Парламентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа