Новини во Законот за сообраќај: Нема веќе „казнени поени“, но возило може да биде одземено на 90 дена

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци (ЗБСП) со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок, информираа денеска од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).

„Важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. 

Меѓу другото, со измените се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок. Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега