Нови записи за убиството на Џорџ Флојд: 20 пати повторил дека не може да дише, полицаецот му порачал да не си го троши кислородот

 

Новообјавените записи од последните минути од животот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, откриваат дека тој и кажал на полицијата „Не можам да дишам” повеќе од 20 пати.

Флојд и кажал на полицијата „Не можам да дишам” повеќе од 20 пати, а полицаецот обвинет за неговата смрт, Дерек Шовин го притиснал со колено неговиот врат и му кажал: „За да зборуваш потребно ти е многу кислород”.

Новите докази се објавени јавно, како дел од одбрана на еден од полицајците кој е вклучен во истрагата, Томас Лејн, обвинет за соучество во убиството на Флојд.

Новите записи покажуваат дека Флојд  се обидел да соработува со полицијата и дека не се чувствува добро.

Новите документи вклучуваат 82 страници текст од полициска камера и 60 страници од сослушувањето на Лејн од страна на истражителите.

Шовин е обвинет за убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство. Лејн и уште двајца полицајци се обвинети за соучество, поттикнување на убиство од втор степен и убиство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега