Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сподели убава вест на својот профил на Фејсбук. Тој информираше дека првиот лет од Братислава пристигна на охридскиот аеродром.
-Првиот лет од Братислава денеска пристигна на охридскиот аеродром. Нови туристи и нови можности за Охрид и охридскиот регион, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој претходно најави дека граѓаните директно ќе летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано.
-Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри, вели Николоски.


