Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко
Канада и Велика Британија денеска наметнаа санкции против Александар Лукашенко и пет членови на Владата на Белорусија, по речиси двомесечните протести и репресии против мирните протестанти.
Под санкции потпадна и Виктор Лукашенко, најстариот син на самопрогласениот претседател на земјата.
Во Белорусија речиси два месеца се одвиваат протести против режимот што употребува несразмерна сила, агресија и селективно задржување на мирните протестанти.
Санкциите предвидуваат, меѓудругото, забрана на Лукашенко и другите санкционирани лица за патување во овие земји и замрзнување на нивните сметки во странство.
Европската Унија се уште калкулирас со санкции против режимот во Белорусија, но поради консензуалното одлучување не може да го стори тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа