Нови промени на локално ниво во СДСМ: Ова се новите претседатели на 10 општински организации

Со новиот начин на работа, СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем. По спроведената системска евалуација, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во координација со генералниот секретар Љупчо Николовски и ракодовството на партијата, назначи претседатели на 10 општински организации на СДСМ, информира партијата.

Во Гостивар за претседател на Општинската организација на СДСМ е избран Станиша Матески.

Во Новаци – Наумче Смилевски

Во Желино – Аднан Демири

Во Росоман – Анета Јоновска Љубенова

Во Сопиште – Далибор Богдановски

Во Ѓорче Петров- Костадин Ацевски

Во Демир Хисар – Николче Димитријовски

Во Јегуновце – Александар Стефановиќ

Во Студеничани – Елвира Мелиќ

Од СДСМ информираат дека  се формирани нови општински организации на партијата во општините Желино и Липково.

– Со тоа СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата. СДСМ е партија којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните. Партија која постојано се менува, унапредува и прераснува во отворена, максимално демократска, модерна, разнолика, партија која за прв пат воведува нови концепти и нов начини на функционирање и делување – велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега