Нови позитивни случаи на коронавирусот во градинка, болница и во штипската општинска зграда

Во штипската градинка „Вера Циривири-Трена“ има позитивен случај на коронавирус. Станува збор за вработен од техничкиот персонал, информираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.

Тој истакна дека во тек е епидемиолошката анкета меѓу вработените во градинка, со цел да се спречи ширењето на заразата.

– Точно е дека коронавирусот е влезен и меѓу општинската администрација, имаме еден позитивен, а неколкуминива вработени се во изолација, вели Миланов

Тој истакна дека поради владините мерки и насоки, општинската администрација почна да работи и по системот на ротации, а оние вработени кои можат да ги извршуваат работите од дома, тоа го прават онлајн.

Во штипската Клиничка болница зголемен е и бројот на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници. Потврдени се дополнително уште двајца заразени лаборанти, со што во ова одделение бројката на позитивни лаборанти се искачи на шест, а осумина се во изолација. Вкупниот број на заразени лаборанти, лекари и медицински сестри изнесува 12. Во моментов на Инфективното одделение хоспитализирани се 49 пациенти, од кои над половината се на кислородна поддршка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега