Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови чекори за македонскиот рубин: Сертификација, заштита и промоција

    Нови чекори за македонскиот рубин: Сертификација, заштита и промоција

    21.09.2026 во 08:152 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска ќе ги презентира следните активности за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин.

    На јавноста ќе ѝ бидат претставени досегашните резултати, како и планираните чекори за воспоставување целосен систем за заштита и препознатливост на македонскиот рубин – од утврдување и документирање на неговото потекло, преку сертификација и дефинирање јасни критериуми, до воспоставување механизми за негова автентична промоција.

    Посебен акцент ќе биде ставен на активностите за меѓународна промоција на македонскиот рубин, со цел негово поголемо препознавање надвор од земјата.

    Од Министерството најавуваат дека на настанот јавноста и медиумите ќе имаат можност директно да се информираат за досега преземените активности, следните чекори и начинот на кој ќе се одвива процесот во наредниот период.

    На презентацијата ќе присуствуваат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, членовите на новоформираната Комисија за македонскиот рубин, како и претставници на Геолошкиот завод, Заводот за индустриска сопственост, Министерството и други институции и чинители вклучени во процесот.

    Божиновска во јуни годинава соопшти дека е донесено решение со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како македонски полускапоцен камен.

    Македонскиот рубин е корунд со карактеристична малиново-розова боја, која се должи на присуството на хром во неговата кристална структура. Според наведените податоци, се наоѓа во околината на Прилеп и во планинскиот регион на Мариово.

    Покрај естетската и колекционерската вредност, рубинот се претставува и како дел од природното, културното и историското наследство на земјата.

    Активностите за заштита на македонскиот рубин започнаа во септември 2025 година.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.