Нови цени на горивата од полноќ

 

Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи да ги намали цените на бензините. Од полноќ за денар ипол поевтини Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. 

Се намали и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 е 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство е 72,5 денари.

23.07.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега