Нови цени на горивата од полноќ

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 27.5.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намали за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,756 ден/кг. 

Од 4.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,209 (денари/килограм)

04.06.2024 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа