Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска на состанок ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука донесена од РКЕ минатата недела, цените на нафтените деривати во земјава се зголемија во просек за 1,01%.

Дизелот поскапе за 3 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.

Ова се актиуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм).

17.10.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега