Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на бензинските пумпи

    25.11.2026 во 08:17

    Нема струја од рано наутро – Исклучувања во делови од Скопје

    25.11.2026 во 08:13

    Ново училишно здание во Бутел – Мицкоски ќе присуствува на отворањето

    25.11.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од полноќ нови цени на бензинските пумпи
    • Нема струја од рано наутро – Исклучувања во делови од Скопје
    • Ново училишно здание во Бутел – Мицкоски ќе присуствува на отворањето
    • Алта банка повторно пред пратениците – СДСМ бара интерпелација за гувернерот Славески
    • Конференција на Комората на вештаци, обраќање на министерот Николоски
    • Дождот ќе премине во снег: УХМР најавува промена на времето
    • Високите трошоци за живот и протестите во Европа во фокусот на дебатата во Европскиот парламент
    • Се ближи крајот од годината: Ова е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во декември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од полноќ нови цени на бензинските пумпи

    Од полноќ нови цени на бензинските пумпи

    25.11.2026 во 08:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новите цени на нафтените деривати стапија на сила на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени.

    Со одлуката, дизелот поевтини за 3,5 денари по литар, додека цените на бензините се намалени за два денара. Просечното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 2,28 проценти.

    Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 84 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 88,5 денари за литар.

    Намалување има и кај останатите нафтени деривати. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 2,5 денари и сега чини 98 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС е намалена за 0,204 денари и изнесува 48,110 денари за килограм.

    Од РКЕ образложуваат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари. Во однос на претходната пресметка, цените на бензините се намалени во просек за 5,874 проценти, на дизелот за 6,505 проценти, на екстра лесното масло за 5,671 процент, а кај мазутот за 2,236 проценти.

    Влијание врз пресметката имал и девизниот курс, при што курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 1,4248 проценти во споредба со претходната пресметка.

    При формирањето на новите цени е применета и владината одлука за намалување на ДДВ за ЕУРОДИЗЕЛ на 10 проценти, како и намалената акциза за еден денар по литар кај бензините и за четири денари по литар кај дизелот.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нема струја од рано наутро – Исклучувања во делови од Скопје

    25.11.2026 во 08:13

    Ново училишно здание во Бутел – Мицкоски ќе присуствува на отворањето

    25.11.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.