Нови цени: Дизелот пак ќе оди над 100 денари за литар

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември. Барел нафта на берзата во Лондон утрово се доближува до 98 долари што е 10 долари повеќе од цената која енергенсот ја имаше минатиот понеделник.
ОПЕК и Русија решија да не го слушаат американскиот Претседател Бајден и од 1 ноември најавија намалување на дневното прозиводство за 2 милиони барели.
Македонија иако нема рафинерија и не увезува сурова нафта, сепак се соочи со значителен скок на цената пред се на дизелот. Ова гориво само од почетокот на октомври, за 10 дена стана поскапо за 6,5 денари во малопродажба додека бензинот поскапи за половина денар.


Поскапување на горивата веројатно ќе има и денеска и големи се шансите дизелот повторно да се врати над границата од 100 денари по литар. Ако поскапувањето на суровата нафта продолжи, што се и очекувања на светските аналитичари, во текот на зимата за очекување е да имаме многу поскапи горива и во Македонија

10.10.2022 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега