Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа останува во притвор. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за продолжување на мерката за уште 30 дена, откако првичниот рок истекуваше деновиве. Стафа е под истрага за „примање награда за противзаконито влијание“.

Според истрагата на ОЈО ГОКК, Стафа примил 50.000 евра за да влијае кај судија во Апелација. Целта била да се издејствува поповолна мерка за неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој е еден од главните осомничени во акцијата „Синџир“ за даночно затајување од 8 милиони евра.

„Непосредно по примањето на парите, осомничениот бил лишен од слобода, при што кај него се пронајдени паричните средства“, соопштија претходно од Обвинителството. Инаку, додека Стафа е во притвор, неговиот клиент Пецов, кој претходно беше во бегство, сам се предаде и во моментов е во куќен притвор поради нарушено здравје.

Exit mobile version