Новата девојка на Канје Вест е плукната Ким Кардашјан

Џулија Фокс, новата муза на раперот Канје Вест, реплицира култен изглед инспириран од „Матрикс“ додека го прославуваше роденденот на синчето Валентино во Њујорк.

Додека таа продолжува да користи стилски совети од 44-годишниот рапер, ѕвездата на Uncut Gems беше лика и прилика на неговата отуѓена сопруга Ким додека вечераше во Лусиен во Ист Вилиџ, Менхетн, во неделата.

За забавата со својот син и пријателите, актерката облече долг црн кожен капут, соодветни панталони, ракавици и мали очила за сонце.

Овој црн комплет инспириран од „Матрикс“ можеби им изгледа познат на многу фанови на Ким Кардашјан бидејќи таа објави свои фотографии во многу сличен комплет минатиот месец.

 
18.01.2022 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега