Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.
Во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити кои ќе донесат радост за најмладите.
Просторот се збогатува и со фитнес справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), корпи за отпадоци, како и целосно партерно и хортикултурно уредување, со што создаваме пријатна и уредена околина за одмор и дружење за сите генерации.
Благодарност до компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, која е сопственик на Капитол Мол Скопје за нивната благородна донација, високата општествена одговорност и значајната поддршка во реализацијата на овој проект, што директно го унапредува квалитетот
на живот во нашата општина.
Продолжуваме посветено да го градиме Аеродром по мерка награѓаните – модерна, зелена и урбана општина во која секој има свое место.
- Нова урбана оаза кај „Капитол Мол“: Општина Аеродром и „Сити Плаза“ градат модерно катче за граѓаните
- Кривична за охриѓанец кој вооружен се шетал низ центарот на градот: Пијан носел пушка од „Чинарот“ кон Богородица
- Масовна тепачка во Кичево: Деветмина уапсени, се тепале со ножеви и дрвени предмети
- ЈСП со важно известување за граѓаните
- Фалсификат диплома предизвика хаос: Директорка на скопско училиште со месеци под закани, ѝ го запалиле и автомобилот
- Скандал во Аеродром: Лажен полицаец нападнал пејачка во угостителски објект
- Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина гевгеличанец откако со трактор слетал во река
- Трагедија во Богданци: Трактор се забил во ѕид, возачот починал на лице место

