Нова снимка од катастрофата во Бејрут: Граѓаните гледаа во големиот облак од чад, а потоа следуваше уште посилна експлозија

Новата снимка која ја објави “RT” го прикажува моментот на страшната експлозија која го разурна либанскиот главен град Бејрут.

На краткото видео може да се види како жителите на градот гледаат во чадот од првата експлозија, по што неколку секунди подоцна доаѓа до втората масивна експлозија предизвикана од 2,700-те тони амониум нитрат.

Во меѓувреме, бројот на загинати во експлозијата на пристаништето во Бејрут се искачи на 158, а повредени се над 6 илјади лица. Спасувачките служби продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани во рушевините со оглед на тоа што 21 лице се водат како исчезнати.

После експлозијата, како што пренесуваат локалните медиуми, настанал кратер со длабочина од дури 43 метри. Според некои проценки, ова е третата најмоќна експлозија во историјата после атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, а истата била почувствувана дури во Кипар, остров кој е на оддалеченост поголема од 200 километри.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа