Нова серија земјотреси во Хрватска: Потресот се почувствувал во Загреб и во БиХ

 

Умерено силен земјотрес ја потресе централна Хрватска околу 13.10 часот, а потресот се почувствувал сè до Велика Горица и Загреб, но и во соседна БиХ.

Сеизмолошката служба известува дека земјотресот бил со јачина од 3,7 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 21 километар западно од Сисак.

„Добро ја потресе зградата“, наишал еден жител на Велика Горица на апликацијата ЕМСЦ, а друг од Загреб додаде дека потресот силно се почуствувал на 15-ти кат од зградата.

 Неколку минути по овој земјотрес, уште два ја погодија истата област. Едниот  со магнитуда 2,3, а другата малку послаб,  од 1,5 степени по Рихтер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега