Нова одлука - повторно промена на цените на горивата

Како и секој понеделник, така и утре нападлане се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена која се случи минатата среда малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголеми за 3 денари за литар.

Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголеми за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 остана непроменета.

Согласно оваа одлука цената на еуросуперот БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Регулаторната комисија информираше дека промената на Одлуката од 5 април 2021 година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, е донесена согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието.

– Одлуката доаѓа откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизите, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа