Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на граничниот премин Евзони (Богородица). Според најавите, преминот денеска ќе биде блокиран во времетраење од шест часа, почнувајќи од 17:00 часот по македонско време (18:00 по локално).
Блокадата ќе трае до 23:00 часот (македонско време) и, исто како и претходно, се однесува на сите видови возила: автомобили, автобуси и товарни возила.
Во исто време, на граничниот премин Ники (Меџитлија) на сила е забрана за движење, но само за товарни возила. Според АМСМ, оваа забрана ќе трае до утре (сабота) до 10:00 часот.
Земјоделците најавуваат дека одлуките за блокадите во наредните денови ќе ги носат во последен момент, па се препорачува патниците да ја следат состојбата пред поаѓање.

