Нов закон: Вработените во македонската јавна администрација во петок ќе работат само 4 часа

 

Македонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа. Тоа значи дека ако работното време им почнува во 8 часот наутро, дома ќе можат да си заминат уште во 12. Вакви измени предвидува новиот закон за административни службеници кои сега е во нацрт верзија и веќе е објавен на ЕНЕР, пишува Фактор.
„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Според актуелниот закон, административните службеници мора да одат на работа по 40 часа неделно а со измените, тоа ќе се скрати на 36 часа.

Ваквите измени доаѓаат во време на превработена јавна администрација и катастрофално ниво на квалитет на услуги кои од неа ги добиваат граѓаните. Истовремено, јавните финансии никогаш не биле на полошо ниво, па наместо да размислува за намалување на бројот на вработени во јавниот сектор кои граѓаните практично ги плаќаат за ништо, надлежните се решаваат да им го скратат работното време. Од друга страна тоа е сосема спротивно на заложбите приватниот сектор да се направи поатрактивен од јавниот.

Во моментов во приватниот сектор не само што се работат по повеќе од 40 часа неделно, туку речи си и да нема приватна фирма во која не се работат и саботите па и по некои недели.

30.09.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега