Нов високозаразен сој на Ковид-19 пронајден во Орегон
Научниците од американската сојузна држава Орегон открија нов високозаразен сој на Ковид-19, што првично се појави во Велика Британија.
Според нив, британскиот сој на Ковид-19 сега е помешан со локална мутирана варијанта и можно е вакцините да бидат помалку ефикасни.
Американските здравствени работници досега откриле само еден случај од така нарачениот застрашувачки сој, за кој е утврдено дека настанал во локалната заедница и оти не се развил кај пациентот кај кого е откриен.
– Ова сигурно не го увезовме од странство, настана спонтано, кај нас, изјави генетичарот од Орегонскиот универзитет за здравје и наука, Брајан О’Роук.
Основата на новооткриениот сој е дека има иста позадина како новите соеви, но и иста мутација – Е484К (Еек), која е забележана во Јужна Африка, во Бразил и во Њујорк.
Во лабораториски испитувања утврдено е дека Еек мутациијата ја намалува ефикасноста на вакцината.
Британскиот сој Б117 исто така има Еек мутација, но орегонскиот сој се разви независно, посочи О’Роук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа