Нов студен бран во Македонија: УХМР најавува драстична промена на времето
До понеделник времето ќе се задржи стабилно со пораст на дневната температура, а утринската уште утре во најголем дел од земјава ќе биде околу или под нулата, соопшти УХМР.
Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови
повторно намалување на температурата.
Во петок утринските температури ќе се спуштат до -5, а дневните од среда ќе бидат максимум 18 степени.
10.04.2021 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа