Нов проблем за Грција: По мајмунски сипаници, се појави и втор случај на лепра

Во болницата во градот Патра, хоспитализирана е 65-годишна жена со лепра, објави грчката државна телевизија ЕРТ, а според медиумите, ова воедно е и втор случај на лепра во државата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според ЕРТ, жената која е по потекло од Албанија е изолирана во Клиниката за дерматологија, а во болницата се преземени сите неопходни мерки за спречување на ширењето на болеста.

Пред неколку дена, грчките медиуми објавија дека случај на лепра бил регистриран во атинска болница.

24.05.2022 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега