Македонското небо станува пофреквентно од овој викенд. Со почетокот на летниот распоред на летови на 29 март, „ТАВ Македонија“ воведува дури 10 нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид. Патниците ќе можат да уживаат во директни летови до атрактивни италијански градови како Неапол, Палермо и Алгеро, но и до Будимпешта и турските бисери Трабзон и Самсун.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, истакна дека ова е значаен чекор за македонскиот туризам.

„Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година“, изјави Курт.

Охридскиот аеродром исто така бележи сериозно засилување со нови линии кон Виена, Милано и полските центри Вроцлав и Катовице, што се очекува драстично да го зголеми бројот на странски туристи во земјава.

Exit mobile version