Close Menu
Press24
    Најново

    Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар

    20.02.2026 во 23:50

    Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи

    20.02.2026 во 23:43

    Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите

    20.02.2026 во 23:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
    • Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
    • Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
    • Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
    • Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
    • (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
    • Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
    • Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка соТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

    Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка соТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

    19.12.2025 во 15:27
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено е промовиран нов едукативен и истражувачки центар, формиран во соработка со ТИТАН Усје. Центарот, што е дел од проектот „Знаење + CO₂ –“ – со знаење и иновативност до помалку CO₂, претставува современ едукативен простор наменет за унапредување на наставниот процес и за продлабочување на соработката помеѓу академската заедница и бизнис секторот.

    Заблагодарувајќи се на соработката со ТИТАН Усје, деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски, истакна дека таа е резултат на долгогодишното стратешко партнерство меѓу факултетот и компанијата, кое кулминира со проектот „Знаење + CO₂ –“, од што се очекуваат значителни придобивки за сите вклучени страни.

    „Соработката со ТИТАН Усје има особено значење за квалитетот на образовниот процес. Новиот центар ќе овозможи студентите да се запознаат со најновите технологии, иновации и трендови во градежната индустрија, што ќе придонесе за нивна подобра подготвеност за професионалните предизвици,“ нагласи деканот Јосифовски.

    Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николау, посочи дека соработка е дел од долгорочна определба на компанијата за обезбедување ефективна поддршката на академската заедница.

    „Во време на брзи технолошки промени и процеси на декарбонизација, партнерството помеѓу бизнис секторот и универзитетите не е избор, туку неопходност. Преку проектот ‘Знаење + CO₂ –’ сакаме нашите знаења, искуства и иновации да бидат дел од академскиот процес и активно да придонесат за развој на млади, квалитетни кадри и за поодржлива иднина“, истакна Николау. Истакнувајќи ја континуираната соработка помеѓу ТИТАН Усје и Градежниот факултет, како одличен модел за соработка на бизнисот и науката, министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, потенцираше дека ваквите проекти се целосно усогласени со политиките на Владата и Министерството во областа на образованието, науката и одржливиот развој.

    „Подигнувањето на квалитетот на високото образование и создавањето подобри можности за младите се меѓу нашите врвни приоритети. Соработката меѓу универзитетите и општествено одговорните компании е важен предуслов за задржување на младите во земјата и за создавање современ образовен систем и одржлива иднина“, истакна министерката Јаневска. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Билјана Ангелова, ја нагласи важноста на ваквите партнерства во услови на динамични пазарни промени.

    „Соработката со реалниот сектор е клучна за современото високо образование. Проекти како овој покажуваат како знаењето, науката и практиката можат да се поврзат во заедничка цел: создавање конкурентни и подготвени млади професионалци“, рече ректорката Ангелова, најавувајќи интензивирање на ваквите иницијативи и во иднина. По официјалниот дел, присутните имаа можност да го посетат новиот центар и да се запознаат со неговата намена и можностите што ги нуди за студентите и наставниот кадар.

    Проектот „Знаење + CO₂ –“, во чии рамки се реализира и оваа соработка, е заедничка иницијатива на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при УКИМ, насочена кон унапредување на едукацијата, истражувањето и подигнувањето на свеста за одржлив развој и декарбонизација во градежната индустрија.

    Проектот се реализира преку три главни модули: Едукативен модул; Модул за истражување и развој; и Модул за подигнување на свеста, вклучувајќи младински натпревари, изложби и други активности.

    Како пионер во примена на принципите на кружната економија, ТИТАН Усје континуирано инвестира во дигитализација, иновативни технологии, еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, со јасна цел – намалување на јаглеродниот отпечаток и создавање одржлива иднина за градежниот сектор.

    Во последните пет години, компанијата инвестираше повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Инвестициите во овие области ќе продолжат и планирано е во следните три години да се инвестираат дополнителни 20 милиони евра.

    Популарно

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49

    Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци

    20.02.2026 во 19:25

    Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин

    20.02.2026 во 22:50

    Се излеа Сива Река, одрони на патиштата – ЦУК информира за состојбата во Македонија

    20.02.2026 во 11:44

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.