Норвешките научници тврдат: Најдовме докази дека браната кај Херсон била крената во воздух

 

Сè уште не е јасна причината за уништувањето на браната Каховка кај Херсон, но се појавуваат нови докази за тоа како таа била оштетена.

Сеизмичките сигнали снимени во Буковина, Романија, 620 километри (372 милји) оддалечена од Нова Каховка, укажаа дека експлозијата се случила во 02:54 часот во вторникот, открија норвешките сеизмолози.

Научниците од Носар, норвешка сеизмолошка организација, велат дека времето и местото се совпаѓаат со уривањето на браната, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека само многу голема количина експлозив можела да произведе сигнал откриен на речиси 650 километри.

Од почетокот Украина ја обвини Русија за кревање на браната во воздух.

Тие велат дека сега имаат докази за да го поткрепат тоа обвинение, а нивната служба за безбедност тврди дека пресретнала телефонски разговор меѓу двајца мажи кои зборувале руски, кои рекле дека пробивањето на браната е резултат на активностите на руската диверзантска група.

Москва, пак, негираше дека е виновна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тоа го нарече чин на „саботажа“ што ќе го остави полуостровот Крим, област анектирана од Русија во 2014 година, без вода.

09.06.2023 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега