Ноќна акција на МВР: Фатен криминалец за издржување двегодишна затворска казна
Ноќва (18.09.2023) во 01.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода И.Н.(24) од скопско Трубарево.
За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
И.Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
18.09.2023 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа