Ноќеска во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.
Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи
- Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија
- Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
- Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
- Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
- Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
- (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
- (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток

