НЕВЕРОЈАТНО: СОРОС делел милиони евра минатата година
5,2 милиони евра изнесува приходот кој СОРОС Македонија го остварил минатата година. Според завршната сметка која невладината на Милчин ја доставила од Управата за јавни приходи, до која дојде Press24 од вкупните приходи во износ од скоро 320 милиони денари, невладината на Милчин како донации дала неверојатни 2,4 милиони евра.
Потписник на сметката е лично Владимир Милчин а т.н. финансиска ревизија правела Маргарита Цаца Николовска, дел од партиските тела на СДСМ и член на Управниот одбор на СОРОС Македонија.
Во споредба со минатата година, овој буџет е зголмен за скоро 400.000 евра.
Лани вкупните приходи на СОРОС изнесувале 4,8 милиони евра а за донации биле распределени 1,8 милиони евра.
Со парите на СОРОС се финансираат главно медиуми и организации кои работат под директна или силна конторла на опозицијата и одработуваат против проекти на Владата за кои најчесто, пратениците на СДСМ претходно изнесуваат критики.
Огромна сума од овие пари оди и за медиумите на СОРОС.
Според извештајот од минатата година, најголем дел од порталите на СОРОС добиваат скоро по 50.000 евра годишно од невладината на Милчин. Од истата каса се финансираат и весниците кои ги контролира опозицијата. Десетици илјади евра месечно добиваат и весниците Слободен Печат и Фокус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа