ФОТО: Овој министер има најмногу следбеници на Твитер

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу е министер кој има најмногу следбеници на социјалната мрежа Твитер. Како што соопшти турскиот весник „Миллиет“ Давутоглу е министер за надворешни работи со најмногу следбеници на Твитер или милион и 512 илјади лица.

Турскиот претседателот Абдула Ѓул се наоѓа на шестото место меѓу светските лидери по бројот на следбеници на социјалната мрежа (четири милиони и 628 илјади), следен од премиерот Реџеп Таип Ердоган со четири милиони и 303 илјади следбеници.

Од светските лидери, американскиот претседател Барак Обама се наоѓа на прво место по бројот на следбеници на Твитер со над 43 милиони.

27.06.2014 - 13:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега