Жереми Мартин - поточно Михаел Шумахер!
Михаел Шумахер на 16-ти јуни откако се разбуди од кома ја напушти болницата во Гренобл каде беше заведен под лажно име и е префрлен на рехабилитационата клиника во швајцарскиот град Лозана.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 во болницата во Гренобл бил заведен под името Жереми Мартин.
Полицијата покренала истрага, а крадците наводно го понудиле здравствениот картон на Шумахер на германските, француските и швајцарските медиуми. Сумата која ја барале изнесува 60.000 швајцарски франци.
Одредени медиуми откриваат дека Шумахер во болницата во Гренобл бил заведен под името Жереми Мартин, а неговата менаџерка Сабине Кем најави тужба за сите оние кои ќе објават барем една информација од неговата лекарска документација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа