Бегајте покрај вода за викендов - еве какво ќе биде времето

Во сабота ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 8°C до 18°C, а дневните температури се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 8.

Сончево, топло и ветровито ќе биде и во недела. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 8.

27.06.2014 - 12:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега