Се изнакупувал во кочанкси супермаркет а не потрошил ни денар - еве како
32 годишниот Л.Ј. од кочанско Оризари и 34 годишниот В.М. од Виница си заработија кривични пријави поради фалсификување пари, информира денеска МВР.
Според информациите од полицијата, Л.Ј. во средината на мај, од Бугарија набавил 44 фалсификувани банкноти во вредност од 4.000 евра, за потоа на В.М. да му даде една банкнота од 100 евра, која виничанецот си ја употребил додека плаќал во супермаркет.
Откако полицијата дознала дека кружат фалсификувани банкноти кои потекнуваат од Л.Ј., тој бил лоциран и кај него биле најдени лажните пари.
27.06.2014 - 12:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа