Премиерот бара советници за во својот кабинет - еве како да се вработите

Кабинетот на премиерот на Република Македонија објави огласи за ангажирање лица на раководни и нераководни позиции и за советници во повеќе области. Огласите се објавени денеска, а заинтересираните ќе може да аплицираат електронски до 14 јули 2014 година.

Како што информира портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, ќе се бараат лица за раководни и нераководни позиции од областа на странски инветиции, поддршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол и право.

Советниците, како што додаде, ќе бидат за политички прашања, ЕУ, надворешни работи, животна средина, рударство и минерални суровини, култура, економија, претприемништво, индустрија и иновации, земјоделство, правосудство и администрација, енергетика, транспорт и врски, информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа.

Ѓорѓиев потенцира дека ангажирањето на новите лица е во функција на проширување на човечкиот потенцијал на Кабинетот на премиер со цел реализација на владината програмата за наредниот период, која е обемна.

На двата огласи може да се пријават сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат критериумите од огласот, а ќе бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

- Даваме еднаква шанса за сите кои сакаат да аплицираат. Нема да има никакво фаворизирање. Единствен критериум при изборот ќе биде личната способност, стекнатото образование, познавањето странски јазици и поденцијалот на самиот кандидат, потенцира Ѓорѓиев.

Заинтересираните ќе може да аплицираат електронски на веб страната на Владата на Република Македонија

27.06.2014 - 12:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа