Ахмети се сретна со Хауард Дин

Во седиштето на Националниот демократски институт во Скопје, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, оствари работна средба со Хауард Дин, поранешен претседател на демократската партија на САД. Дин исто така е и член на управниот одбор на американската организација НДИ.
 
Ахмети и Дин разговарале околу плодната соработка на ДУИ со НДИ во изминатите 12 години како и за потребата оваа соработка да продолжи и во иднина во некои области.
 
-Соговорниците исто така разговараа и околу политичките случувања во земјата и регионот. Претседателот Ахмети зборуваше за важноста на Евроатлантските интегративни процеси на Македонија како и за потребата за поголемо и директно ангажирање на меѓународната заедница, информираат денеска од ДУИ.
 
Одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, стои во соопштението од ДУИ, каде се наведува дека Македонија ќе биде примена во НАТО само да се постигне компромис со јужниот сосед се уште е во сила. За оваа причина, се додава, за членство во НАТО на Македонија не и е потребно проширување на самитот, туку компромис со Грција за прашањето за името.

-Ахмети потврди дека времето е сега и дека страните се многу блиску до компромис, но треба да седнат и да разговараат со меѓународно посредство, се вели во соопштението од ДУИ.

 Ахмети го истакнал задоволството на успешната соработка со ДУИ нагласувајќи дека од сите политички партии во земјата, НДИ има подолго партнерство со ДУИ.

27.06.2014 - 12:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега