ЕУ потпиша договори за асоцијација со Грузија, Моладвија и Украина - Русија се закани

Европската унија денеска во Брисел потпиша договори за асоцијација со три поранешни советски република - Украина, Грузија и Молдавија, кои изразија желба за приближување кон ЕУ и покрај рускиот притисок.

- Ова е голем ден за Европа... Денеска ЕУ ве поддржува повеќе од кога и да било досега, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј на церемонијата на потпишување на договорите со украинскиот претседател Петро Порошенко и премиерите на Грузија и Молдавија, Иракли Гарибашвили и Јурие Љанка.

Ромпуј порача и дека ЕУ е подготвена да соработка со Русија со цел да ги расчисти сите недоразбирања околу потпишуавњето на овие договори за асоцијација. 

- Во нив нема ништо што може да и наштети на Русија. Нивна цел е создавање на заедничка иднина и просперитет, нагласи Ромпуј.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Маниел Баразо пак оцени дека потпишувањето на договорите претставува „само поечток на европскиот пат“ на трите држави, кои „го направија европскиот избор“.

Со Грузија и Молдавија, ЕУ денеска ги потпиша во целост договорите за аосоцијација, додека со Украина само економскиот дел од спогодбата, додека политичкиот дел беше парафирана на 21 март

Рускиот заменик министер за надворешни работи Григориј Карасин изјави дека ќе има „сериозни последици“ за Украина, откако претседателот Порошенко го потпиша договорот за слободна трговија со ЕУ. „Последиците од потпишувањето од страна на Украина и Молдавија секако дека ќе бидат сериозни“, нагласи рускиот министер. Карасин сепак додаде дека „потпишувањето на таков сериозен документ, секако, е суверено право на секоја држава“.

27.06.2014 - 11:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега