Голема штета од пожарот во битолската фабрика

 

Противпожарни екипи будно ја следат состојбата за да не дојде до повторно разгорување на огнот. Изгорен речиси половина од објектот, опремата, суровините и готовите производи...

Доцна синоќа е локализиран пожарот кој избувна во кондиторската фабрика „Виго 48“ во Битола, поранешен „Прогрес“, но се уште се појавуваат помали облачиња чад поради догорувањето на делови од покривот и опремата.

Противпожарни екипи будно ја следат состојбата за да не дојде до повторно разгорување на огнот. Опасност претставуваше близината на плинскиот магацин кој во моментов не е загрозен.

Во кругот на фабриката цела ноќ и изутринава останаа педесетина работници кои што ја делат судбината со вкупно 200 вработени во капацитетот.

Штетите се огромни ако се знае дека е изгорен речиси половина од објектот, опремата, суровините и готовите производи.

Истрагата ќе ги открие причините за пожарот кој избувна вчера околу 13 часот и 30 минути.

27.06.2014 - 11:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега