Со два метра колбаси привлекува гости - Македонец атракција во Нов Зеланд

45 годишниот готвач Гоце Најдовски од Сопотница дочекува гости во неговиот ресторан  „Бела Бамбина“ во Нов Зеланд со по една чашка ракија и вода, пишува Дневник. На посетителите им објаснува од каде потекнува тој обичај и успева да ги придобие. Дел од нив, стануваат и редовни муштерии ма ресторанот лоциран во Ротсеј Беј, Оукленд. На веб страната на ресторанот стои дека нудат италијанска храна но и јадења од Македонија, Грација, Бугарија, Русија.

-Готвачот е Македонец и ужива да ги дочекува гостите со ракија – македонски пијалак што потсетува на грапа или сливовица. Ќе уживате во топлата семејна атмосфера. Има и бесплатно изненадувања за децата – топла чоколада и сладолед, стои на страницата на „Бела Бамбина“.

Македонецот завршил угостителско училиште во Крушево и отишол во Нов Зеланд, каде живее повеќе од десет години. Тој живеел и во Кина, Австралија, Швајцарија, Италија, Австрија, Германија и во многудруги земји. Во Нов Зеланд одлучил да помине година, две, за да види како е.

- Ама многу ме бендиса и останав. Се запознав со сопругата, која по потекло е од Kина и по една година ни се роди ќеркичката Марија. Така полека пуштив корени во Нов Зеланд и останав долго. Иако сум тука со телото, мојата душа уште е во Македонија. Ми недостасуваат роднините и пријателите, истакнува Најдовски.

Целата приказна за Најдовски прочитајте тука.

27.06.2014 - 11:08
Фото: 
Дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега