Македонија полека умира

37 општини меѓу кои се и големите македонски градови: Битола, Прилеп, Охрид, Велес, скопските општини Кисела Вода и Карпош, помалите градови: Кавадарци, Кочани, Пробиштип, Гевгелија, Берово, Виница, Делчево, и други имаат повеќе починати од новородени лица, јавува Канал5

Во Демир Хисар, Брод, Другово, Старо Нагоричане, Дебарца на едно бебе има повеќе од две починати лица!

 

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика за 2013 година за наталитетот и морталитетот по општини покажуваат дека Битола и Прилеп како и помалите: Демир Хисар, Македонски Брод, Новаци, Могила се намалува бројот на населението, некаде и за 44 отсто. Во Битола, најголемата општина во Пелагонија, лани биле родени 844 бебиња или 37 помалку од 2012 година. Бројот на живи новороденчиња е понизок за 313 од бројот на починати лица во 2013 година.

27.06.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега