Истече примирјето во Украина - Русија бара ново

Еднонеделното примирје кое го прогласи украинскиот претседател Петро Порошенко за источните делови на земјата официјално истече утрово, а уште во текот на ноќта се регистрирани првите инциденти.

Во напади на проруските сили ноќеска загинаа најмалку четворица украински војници, додека петмина се повредени. Според одредени информации, сепаратистите биле помогнати од осум руски тенка и минофрлачи и ја нападнале воената база недалеку од Крематорск.

Војската возвратила и уништила еден од тенковите, а уште еден заробила. Декретот за мир во источна Украина стапи на сила на 20 јуни во 10 часот.

Во меѓувреме, официјална Москва преку шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, бара примирјето да продолжи. Лавров синоќа во телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери се заложил прекинот на огнот да остане на сила, а истовремено да започнат директни разговори меѓу завојуваните страни.

27.06.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега