Со ловечка пушка си ја убил сопругата па самиот си пресудил

 

Трагедија ја потресе Бања Лука. 44-годишниот Стево и 47-годишната Гордана се пронајдени мртви во нивната семејна куќа, а полицијата утврдила дека се работи за убиство и самоубиство.

Сеуште не се познати мотивите поради кои мажот со ловечка пушка ја убил својата сопруга, а потоа си го одзел и својот живот.

Мртвите сопружници во нивниот дом ги пронашол нивен сосед, кој вели дека глетката била ужасна бидејќи крв имало на сите страни. Тој случајот веднаш го пријавил во полиција.

27.06.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега