Натпреварот Хрватска-Камерун бил наместен - ФИФА истражува

Во четвртокот, на крајот од првата фаза ФИФА објави дека се сомнева дека мечот помеѓу Хрватска и Камерун бил наместен.

Хрватскиот весник „Јутарњи“ пренесува дека натпреварот одигран во Манаус привлекол големо внимание на службата за безбедност и регуларност на натпреварувањето.

-Го познавам мојот тим и нема шанси за никакво местење. Сметам дека е невозможно моите играчи да го „пуштат“ натпреварот. Навистина не се грижете, нема потреба, изјави селекторот на Камерун Фолкер Финке.

Јутарњи“ пренесува дека сомнителни се Камерунците и се смета дека тие го наместиле натпреварот.

27.06.2014 - 09:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега