Вељаноски работно во Турција

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски денеска и утре престојува во официјална посета на Турција, на покана на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек.

Вељаноски ќе биде пречекан од неговиот домаќин Чичек во Tурското национално собрание. Потоа, според предвиденото, ќе се сретне и со потпретседателот на турската Влада Булент Аранч, а ќе биде примен и од  претседателот на Турција, Абдулах Ѓул.

Синоќа во чест на Вељаноски, прием приреди претседателот на меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Македонија Хусеин Бурге.

Утре во Истанбул, спикерот на македонското Собрание ќе се сретне  и со патријархот Вартоломеј.

Освен Вељаноски во посета на Турција се и пратениците Ќенан Хасипи, Газменд Алији, Реџаил Исмаили и Илија Димовски.

Ова е прва официјална посета на Вељаноски по неговиот повторен избор за претседател на Собранието, а од 2010 наваму, ова е негова втора посета на Турција.

27.06.2014 - 08:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа