Русија: НАТО е заробеник на стереотипите од Студената војна

 

Русија е разочарана бидејќи НАТО не обрнува внимание на напорите на Москва во надминување на кризата во Украина, се истакнува во сооптштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека со тоа Алијансата останува заробеник на стереотипите од Студената војна.

- Наместо сериозна анализа на сложените внатрешни социјални и политички процеси, кои се случуваат во Украина, се прават обиди целата одговорност за настаните да и се препише на Русија, како што е необрнувањето внимание на нашите напори за изнаоѓање на мирно решавање на политичката криза, се наведува во соопштението.

26.06.2014 - 20:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега