Германија и САД нови осминафиналисти на Мундијалот

 

Репрезентациите на Германија и на Соединетите Американски Држави се пласираа во осминафиналната фаза од Г групата на Светското првенство во Бразил. Ова е епилогот по одигрувањето на натпреварите од третото, последно коло во оваа група.

Постигнати резултати: САД – Германија0:1 и Португалија – Гана 2:1.

Во Ресифе, со голот на Томас Милер во 55.минута Германците ја забележаа втората победа во групата и со вкупно 7 бодови на првото место ја завршуваат првата фаза.

САД и покрај поразот поради подобрата гол-разлика од Португалија продолжуваат понатаму.

До победата на средбата во Бразилија, Португалија стигна со автоголот на Џон Боје во 31.минута и голот на Кристијано Роналдо во 80.минута. Стрелец на погодокот за Гана беше Асамоа Гиан во 57.минута.

Табела група Г: Германија 7 бодови (+5 гол-разлика), САД 4 (0), Португалија 4 (-3), Гана 1 (-2).

26.06.2014 - 20:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега